\u0421\u043F\u0435\u0446\u0438\u0458\u0430\u043B\u0438\u0441\u0442 \u0437\u0430 \u0435\u0442\u0438\u043A\u0435\u0442\u0438\u0440\u0430\u045A\u0435 \u0438 \u043F\u0440\u0435\u0432\u043E\u0434
Apply NowReferenceNo.: 703708
За нас
Ние во Лидл веруваме дека сѐ што е добро, може да биде уште подобро! Затоа никогаш не запираме со надоградување и заедно растеме и се развиваме. Како интернационална компанија, нашите вработени се срцето на нашиот #teamlidl, а нашите корпоративни вредности и култура каде секој се чувствува свој нѐ обединуваат и прават посилни – ширум сите Лидл земји! Стани и ти дел од нашиот тим!
Твои задачи
- Обезбедување преводи на македонски и албански јазик
- Проверка на декларации и нивна усогласеност со законските и интерните регулативи и очекувањата на потрошувачите
- Oсигурување за точноста на содржината на преведени документи и проценка на ризици поврзани со производите
- Советување со менаџерите за набавки за технички прашања поврзани со обезбедување квалитет
- Комуникација со добавувачи, институции и останати бизнис партнери во однос на регулативите за прехранбени производи и други технички прашања
- Концепција и оптимизација на нови и постоечки работни процеси, како и координација на протокот на информации со релевантните оддели
- Исполнување на зададените KPIs во предвидените рокови
Твој профил
- Одлично познавање на албански и македонски јазик (познавањето на англиски или германски ќе се смета за предност)
- Пожелна универзитетска диплома (Технолошко-металуршки, Земјоделски факултет, Филолошки факултет или сл.)
- Минимално една година рaботно искуство на иста или слична позиција
- Одлично познавање на MS Office/Google Workspace
- Прилагодливост, флексибилност и одлични организациски вештини
Што нудиме
-
Работа во интернационална средина со многу можности за учење, раст и развој
-
Можност за обука во странство
-
Стимулативна работа средина и одлична организациска култура
-
Атрактивен компензациски пакет
-
Приватно здравствено осигурување
-
Пакет за добредојде на новите вработени
-
Се отвора во нова картичка.