\u041C\u0435\u043D\u0430\u045F\u0435\u0440 \u043D\u0430 \u043C\u0430\u0440\u043A\u0435\u0442 (\u0421\u0442\u0440\u0443\u0433\u0430\/\u041E\u0445\u0440\u0438\u0434)
Apply NowReferenceNo.: 703863
За нас
Ние во Лидл веруваме дека сѐ што е добро, може да биде уште подобро! Затоа никогаш не запираме со надоградување и заедно растеме и се развиваме. Како интернационална компанија, нашите вработени се срцето на нашиот #teamlidl, а нашите корпоративни вредности и култура каде секој се чувствува свој нѐ обединуваат и прават посилни – ширум сите Лидл земји! Стани и ти дел од нашиот тим!
Твои задачи
- Менаџирање и обука на вработените во маркетот согласно со компаниските принципи за лидерство, поставување таргети и делегирање задачи и унапредување на нивниот професионален и личен развој
- Обезбедување позитивна и стимулативна работна атмосфера и ефикасна соработка
- Обезбедување точни нивоа на залихи, редовни проверки, одржување и надополнување на нивоата на залихи на полиците и воведување мерки за оптимизација според потребите
- Редовни контроли на квалитетот и ротирање на производите, како и обезбедување свежи производи во согласност со важечките закони и интерните прописи
- Финансиски анализи, планирање на продажбата и продуктивноста во маркетот и континуирана анализа на клучните резултати и соодветни мерки за постигнување на таргетите на маркетот
Твој профил
- Завршено минимум средно образование, универзитетско образование ќе се смета за предност
- Пожелно е претходно работно искуство
- Познавање на англиски јазик ќе се смета за предност
- Одлични организациски и комуникациски вештини
- Возачка дозвола Б категорија – активен возач
- Ориентираност кон постигнување резултати и способност за решавање проблеми
- Претприемачки дух и способност за носење одлуки
- Способност за давање конструктивен фидбек и за делегирање активности
Што нудиме
-
Работа во интернационална средина со многу можности за учење, раст и развој
-
Можности за обука во странство
-
Стимулативна работна средина и одлична организациска култура
-
Атрактивен компензациски пакет
-
Приватно здравствено осигурување
-
FitKit месечен буџет
-
Службено возило
-
Пакет за добредојде на новите вработени
-
Оваа позиција вклучува обука во странство во период од 6 месеци
-
Се отвора во нова картичка.