Оператори во контакт центар
Apply NowГи охрабруваме да аплицираат кандидатите кои поседуваат:
• Одлични комуникациски вештини и способност за јасно и уверливо изразување,
• Изразена ориентираност кон клиентите и желба за обезбедување позитивно корисничко искуство,
• Трпеливост, смиреност и емпатија, особено при комуникација со корисници кои се соочуваат со технички проблеми,
• Продажни способности, градење доверба кај клиенти, идентификација на потреби и ефективно претставување на услуги,
• Чувство на одговорност, дисциплина и посветеност кон работата,
• Способност за брзо учење и усвојување нови знаења,
• Способност за работа во динамична средина и исполнување на поставени цели,
• Основно користење на компјутер, работење со повеќе апликации и познавање на MS Office,
• Тимски дух и позитивен пристап кон работата,
• Минимум завршено средно образование.
Јазични опции
• Течно познавање македонски јазик, ИЛИ
• Мајчин албански со добро познавање македонски јазик.
Што нудиме
• Платена обука (во просек 3 месеци) каде ќе ги научите сите потребни процеси,
• Мотивациски бонуси за постигнати продажни резултати,
• Пријатна и стимулирачка работна атмосфера.
Важно
Работната позиција подразбира:
• Работа во смени, вклучително и втора смена,
• Работа за време на викенди и празници согласно распоред,
• Работа во средина со јасно дефинирани цели и индикатори за успешност (KPI).
Аплицирајте денес
Испратете го Вашето CV и станете дел од тим кој го цени ангажманот и професионалниот пристап на секој член.